(ВИДЕО) Заев: Докази на илjадници страници до Oбвинителството против Груевски

Од:

„Прво да се заблагодарам до претставниците на медиумите, што дојдовте во просториите на СДСМ да ги снимите доказите, а секако и денеска што се овде.

Денеска до Јавното обвинителство ги предадовме доказите за конструираните случаи Пуч и Поткуп“, изјави Зоран Заев.

„Нема докази за извршено насилство кон претставници на највисоки државни органи и шпионажа, туку напротив има насилство врз уставниот поредок на Република Македонија од страна на Никола Груевски, Сашо Мијалков и група лица околу нив.

Затоа, бараме, јавниот обвинител да се одважи и веднаш да ја запре конструираната постапка за Пуч и да го прекине кривичниот прогон од криминалците, Груевски и неговите соработници.

Во овој момент до Јавното обвинителство се даваат дел од доказите за таа масовна операција на нелегално прислушување останатите материјали и доказите ќе бидат доставени во соодветна фаза на правната постапка, но конечно сите докази коишто се сопственост на Република Македонија, а се во раце на опозицијата, ќе бидат доставени до соодветните државни органи, штом се исполнат условите, извршната власт да биде разделена од правосудната власт“, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

IMG_0953

„Од доказите што ги доставуваме за конструираниот случај Поткуп се потврдува дека нема поткуп и исплата на какви било парични средства, туку има местење поткуп, што е пријавено пред надлежните општински органи, преку поднесување на Кривична пријава од наша страна.

Доказите содржат повеќе од 100 илјади разговори во транскрипти, повеќе од 18 илјади СМС пораки во транскрипти, повеќе од 12 илјади различни телефонски броеви само во транскрипти. Да појаснам, се работи за материјал преточен во транскрипти. Повеќе од 20 илјади граѓани се прислушувани во Република Македонија.

Материјалите коишто ги доставуваме се повеќе од 10 илјади страници како материјален доказ во оваа постапка. Материјални докази доставуваме плус за конкретните оператори, кои се вработени и го воделе системот на прислушување, телефонските броеви што се таргети во системот на прислушување, псевдоними на сопственици и корисници на телефонските броеви, регистрација на локацијата на телефонските броеви, периодот на контрола и слично.

IMG_0938

Истовремено, доставуваме материјални докази од фазата на системот на контрола на комуникациите, сопственост на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, којшто се вика репродукција. Репродукцијата на содржините на телефонските разговори, вкупно повеќе од 1600-тини страници, се материјали коишто биле наменети за краен корисник. Тие материјали се телефонски разговори во транскрипција, вршена анализа и репродукција: од опозиционери, од новинари, невладини организации, интелектуалци, односно вкупно, за критички настроени граѓани кон власта. Доставивме и 385 аудио разговори, коишто досега опозицијата ги објави на своите прес конференции и доставивме уште 13 аудио разговори коишто досега не се објавени, но со нивното слушање се гледа кој тоа навистина прислушувал во Република Македонија и како тоа се штител системот на контрола на комуникациите од страна на оние кои се одговорни за да го контролираат, да управуваат со оној систем на следење и контрола на комуникациите во Република Македонија.

IMG_0991

Ве упатувам дека презентација на доказите, коишто ги доставуваме во постапките, ќе направиме следните неколку дена во партиските простории на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство