Година за ослободување од гревови за католиците

Од:

Католичките верници од утре па се до 24 ноември наредната година ќе можат да добијат „ослободување од временскиот грев“, откако папата Бенедикт Шеснаесетти тој период го прогласи за „Година на верата“, јавува Верската информативна агенција.

Како што е соопштено во Ватикан, за да му биде на верникот простен „временскиот грев“ потребно е на големите празници да оди на богослужба и да изврши аџилак во една од 12 „папски базилики“ од кои во Рим има пет, две во Азија, по една во Бари, Лорет, Марид, Помпеј и во Падова.

Исто така може да се посети и некој од римските катакомби или во некоја катедрала да се изврши медитација и молитва, како и да се посети црквата каде верникот е крстен и во неа да се обнови припадноста на верата со исповедување, причестување и правење добри дела.

Последен пат ваква прилика верниците имаа во 2000-та година, а одлуката тогаш ја донесе папата Јован Павле Втори.

„Простилниците“ се присутни во долгата историја на католичката црква и порано беа продавани што беше повод Мартин Лутер во 16 век да побара реформи од Црквата- што беше почеток на протестанизмот.

Според католичкото учење „простилницата“ значи „чин на милост“, а правилото е одредено во канонското право од 1983 година во параграфот 992.

Теолозите укажуваат дека уште кај древните Евреи постоела слична пракса на простување на гревовите, но и ослободувањето од заклетви и обврски, по повод некои празници и годишнини.

На првиот васељенски собир во 325 година е потврдена можноста епископите во знак на љубов кон верниците и писмено да ги потврдат простувањата на гревовите, по каењето.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан

Обвинителот на Ватикан откри дека има нови индиции за мистериозното исчезнување на Емануела Орланди

Гол маж се качи на олтарот во базиликата Свети Петар

Ана Ололовска

Влезе со автомобил низ портите на Ватикан: Се упати кон дворот на палатата, полицијата пукаше

Папата Франциско: Подготвен сум да ја посетам Украина, но само ако можам да одам и во Москва

Ана Ололовска