Жерновски: На 26-ти април излезете на референдум за ГТЦ на вашите гласачки места

Од:

Градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски неговите соработници и директорот на ЈП Паркинзи Саша Богдановиќ имаа средба со жителите на зградите зад Автомакедонија и Зелено пазарче. На средбата присуствуваа и советниците Јелена Апостолска од СПМ од коалицијата со ВМРО ДПМНЕ и Дарко Атанасовски од коалицијата предводена од СДСМ.

На почетокот градоначалникот Жерновски ги повика центарци во недела да излезат на референдумот за ГТЦ бидејќи рече ова ќе биде порака за сите власти дека треба да работат за интересот на граѓаните и дека два пати треба да размислат пред да донесат некоја одлука.

sredbacentarcizagtc (1)

„Деновиве таканаречени архитекти одат од врата до врата во Центар и агитираат дека референдумот нема да се одржи. Референдумот не само што не е откажан, туку и ќе успее. Да Ве информирам и дека се гласа од 07:00 – 19:00 часот на истите гласачки места, како што се гласа на парламентарни, локални и претседателски избори“, рече Жерновски.

Пратеникот Горан Мисовски на центарци им порача дека треба сите да излезат и да гласаат ЗА задржување на автентичниот изглед на ГТЦ. Со ова рече Мисовски ќе и се даде знак на власта дека не може да одлучува за прашања кои ги засегаат граѓаните без да ги праша нив.

sredbacentarcizagtc (3)

„Доколку биде успешен референдумот тогаш многу полесно ќе се избориме власта да не ни го наруши секојдневното живеење со изградба на барокна катна гаража, изградба на улица меѓу станбени блокови и уништување на зеленилото. Затоа излезете на 26.04.2015 и гласајте на референдумот за ГТЦ“, рече Мисовски.

Градоначалникот ги информираше дека од мај месец продолжува акцијата Цел Центар на велосипед, а од септември наместо родителите како досега, општина Центар ќе плаќа за обезбедувањето и екскурзиите во основните училишта во Центар и за англиси јазик и физичко воспитување во градинките.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски