Екипата на Карпош Соколи по продолжение успеа да го совлада Куманово со 98:95 (18:22; 17:17; 19:27; 32:20 и 12:9) во дуелот од првото коло од кошаркарската Супер лига. Гостите од Куманово не успеаја да ја зачуваат двоцифрената разлика бидејќи во последната четвртина примија 32 поена.
Комплетната стартна петорка на домашниот тим имаше двоцифрен број поени, а и играчите од клупа беа нешто поефикасни од „кумановчани“ 14:5. Најдобри кај домаќинот беа: Душан Кнежевиќ со 20 поени и 11 скокови, а Игор Мијајловиќ со 16 поени и 14 асистенции. На натпреварот најефикасни беа: Александар Костоски со 29 поени и Вукашин Мандиќ со 28 од Куманово.
Утре ќе се одиграат двата заостанати дуела од второто коло: Работнички – Карпош Соколи и Куманово – Кожув.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 33 бодови, Карпош Соколи 32, Фени Индустри 31, Работнички 30, Куманово 30, Кожув 27.