Ахмети: Кризата ја користат групи чија цел не е стабилноста на земјата

Од:

Политичката криза во земјата се обидуваат да ја користат различни групи за цели кои не се поврзани со стабилноста, безбедноста, мирот, добрите меѓуетнички и добрососедски односи, толку помалку интеграција во НАТО и во Европската унија, изјави во четвртокот челникот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети кој во партиското седиште се сретна со делегацијата на Советот на Европа (COWEB) одговорна за западен Балкан, а ја сочинуваат претставници на сите земји членки на ЕУ.

Овој работен орган на Европската унија има посебно значење за Македонија и воопшто за регионот, бидејќи работи во градењето на перцепциите на целата ЕУ на општите состојби во земјата и во регионот.

Притоа Ахмети, како што информираат од партијата, ја повторил загриженоста во врска со политичката криза во земјата, истакнувајќи дека ДУИ веќе побара од меѓународната заедница да го олесни политичкиот дијалог со вклучување на сите засегнати страни.

Исто така, лидерот на ДУИ од претставниците на ЕУ побарал и следење на судските процеси од страна на правни и истражни експерти од Унијата со цел да се гарантира кредибилитетот на процесот, како и да се добие доверливоста на сите страни.

„Решението мора да биде резултат на политичкиот дијалог во земјата со посредство на меѓународната заедница“, истакнал Ахмети.

Тој ги уверил европските соговорници дека ДУИ е посветена да работи на конструктивен начин за излез од кризата и ќе придонесе за решавање, а не за продлабочување на кризата.

„Затоа ДУИ бара што е можно побрзо завршување на политичката криза со цел да ја вратиме евроатлантската агенда како приоритет на нашите активности“, велат од партијата.

Гостите на средбата со Ахмети пројавиле интерес за политичката криза во земјата, меѓуетничките односи, спорот за името, инцидентот кај Гошинце, Охридскиот договор како и други прашања, се вели во соопштението од ДУИ.

Би можело да ве интересира

„Вреди“: Автопатот Скопје-Блаце требаше да биде изграден во времето кога семејството Ахмети ја купи „Соравија“

A1on

ДУИ: Милиони евра за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити – граѓаните заслужуваат одговори

ДУИ: Компанија основана во јули 2024 добила над 3,4 милиони евра од Општина Чаир

Горан Наумовски

ДУИ: Законот за употреба на јазиците не се применува доследно

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ