Фабио Фоњини уште еднаш оваа година успеа да го совлада Рафаел Надал, овојпат на турнирот во Барселона.
Фоњини во осминафиналето оствари триумф над Надал со 6:4 и 7:6 по два часа игра.
Во четвртфиналето противник ќе му биде Пабло Андухар, кој со 2-0 го совлада Фелисијано Лопез.
Првиот носител Кеи Нишикори го победи Сантијаго Хиралдо со 6-2 и 6-1, додека негов ривал ќе му биде Роберт Баутиста. Пласман во четвртфиналето постигнаа и Давид Ферер, Мартин Клижан и Филип Колшрајбер.