ВМРО-ДПМНЕ: Нова потврда дека сценариото на Заев е дестабилизација на Македонија

Од:

Со секоја прес конференција СДСМ на дело ја повторува целта поради која Заев го спроведува ова негово антидржавно сценарио, а тоа е дестабилизација и создавање криза во државата, заклучуваат од владејачката партија, откако претходно во четвртокот опозицијата објави наводно прислушувани телефонски разговори на функционери кои разговараат за судски процеси, вклучително и за процесот „Сопот“.

„Сопот“, инаку е судски предмет од 2003 година во кој селани од кумановското село Сопот одговараат за тероризам, односно поставување мина на пат на која нагази НАТО џип со полски војници и македонски државјани државјани. Со првата пресуда за експлозијата од мина што се случи кај Сопот при што загинаа двајца полски војници од силите на НАТО и еден цивилен придружник, беа осудени 11 лица од селото. Шест лица, беа осудени во отсуство.

„Последната низа настани и сé понагласеното отворање чувствителни теми јасно ја дефинираат намерата на СДСМ да придизвика влошување на меѓучовечките и етнички односи. Играњето на таа карта е многу опасно и за СДСМ, но најмногу за граѓаните и за Република Македонија. Тежината на овие теми СДСМ не ја препознава, иако постојано кокетира, со што покажува бесчуствителност и немање на одговорност за вака значајни прашања“, предупредуваат во реакцијата од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Се истакнува, натаму, дека најголемата опозициска партија е во заблуда доколку смета оти „пуштат креирани, монтирани и прилепувани материјали во повеќето градови низ државата“, иако тие материјали како денешниот немале никаква со местот каде шти биле презентирани, во случајов Велес, ќе создадат сомнеж за некакви нерегуларности, или незаконски дејства.

„Тие се надеваат дека граѓаните ќе ги убедат во нешто што реално не постои, и што е измислена манипулација со монтирани материјали. Но вистината е дека креираните материјали на СДСМ немаат никакви аргументи, факти и не докажуваат ништо. Вистината е во она што навистина се случило. Ниту до сега некој завршил во ендек, ниту некому била скршена глава, ниту, пак, нечија фирма била затворена, ниту, пак, некогаш судски одлуки биле договорени“, убедуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија уште еднаш порачаа дека граѓаните не даваат доверба на оние „кои лажат и манипулираат туку на конкретни проекти, на проекти кои ги прави владата“.

„Бомбата на СДСМ во Велес, за жал, пукна пред 20-ина години кога заради погрешните политиките на СДСМ се затворија речиси сите фабрики и претпријатија, а над 10 илјади велешани останаа без работа. Ефектот од погрешните политики на СДСМ Велес ги гледаше и тогаш, а ги гледа и денес“, се вели во писмената реакција при што се констатира дека „ова СДСМ не може да го промени со ниту една своја лага и монтажа“.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања