Опожарена трафостаница во Гостивар

Од:

Во Гостивар денеска околу 10 часот на ул. ЈНА опожарена е компактно-бетонска трафостаница ТЦ 57.

Како што денеска соопштио ЕВН-Македонија, пред трафостаницата се наоѓал стар кревет, кој бил запален, а од таму пожарот зафатил и дел од конструкцијата на трафостаницата. По кратко време пожарот бил локализиран и констатирана е штета на горниот дел на сите енергетски елементи во трафостаницата, трансформаторот, нисконапонскиот и среднонапонскиот блок.

– Заради зголемена безбедност, за време на поправките исклучени беа околу 300 потрошувачи, кои се напојуваат од оваа трафостаница, стои во соопштението од ЕВН-Македонија.

Стручните екипи на ЕВН-Македонија заедно со локалната полиција во Гостивар во моментот се на терен, преземени се сите активности за испитување на причините за пожарот и воспоставено е нормално снабдување со електрична енергија за кориснице од опожарната напојна точка.

Би можело да ве интересира

Осум пожари на отворено, три сè уште активни

ВИДЕО: Драма кај Требиње: Пожарот се доближи до селата, пожарникарите цела ноќ ги бранеа куќите

Два активни и еден изгаснат пожар до 14 часот

Активен е еден пожар, седум изгаснати

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати

(ВИДЕО) Прогласена e вонредна состојба во Лос Анџелес по пожар во магацин