Едвард Арчболд (32) од Палм Бич на Флорида не се плашеше ни од најголеми лудории, и така се пријави на такмичење за јадење лебарки ,организирано во рамките на манифестацијата “Полноќна распродажба на лудило.” Снимката од судбоносниот натпревар можете да ја видите во видео линкот на крајот од овој текст.
Арчиболд изедл неколку десетици инсекти и убедливо победил, но набрзо му се слошило и почнал да повраќа, за потоа да падне на подот од продавницата и умре. Според полицискиот извештај, точната причина за смртта не е позната, но во тек е истрагата, која треба тоа да го утврди.
На Фејсбук профилот на продавницата “Reptili Ben Sigel” Koja го организираше овој бизарен натпревар, поставено е соопштение во кое се тврди дека тие го запознале Арчболд ноќта пред натпреварот.
“На сите нас веднаш ни се свиде. Жал ни е што нема да го запознаеме Еди малку подобро, бидејќи за кратко време многу ни се допадна”, пишува во постот на Фејсбук.
Во еден од коментарите на Фејсбук се огласи и адвокатот на продавницата, кој вели дека сите учесници потпишаа согласност пред почетокот на натпреварот.
“Јадењето инсекти е широко распространето низ целиот свет, а инсектите користени во натпреварот беа земени од листата на инсекти кои се одгледувани во контролирана околина, како храна за влекачи”, пишува адвокат.
На никој од останатите такмичари не му се слоши, соопшти канцеларијата на локалниот шериф.