ВИДЕО: „Како да го извлечеме синот на Трајко фатен со дрога на грчка граница?“

Од:

СДСМ објави снимка за која посочи дека е помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски како разговараат за синот на Трајко Вељаноски, на позицијата претседател на Собранието, како бил фатен со дрога при влез во Грција.

-За Гордана Јанкулоска и Никола Груевски синот на Велјаноски е проблематичен и целиот случај е „апла“, „скандал“.

Од позиција министер за внатрешни работи, Јанкулоска вели дека синот на Велјаноски ја поминал границата на Република Македонија без да биде проверен. За Јанкулоска тоа е нормално затоа што е „син на претседателот“ на Собранието.

Но скандалот не завршува тука. Јанкуловска потврдува дека од страна на, како што самата вели, „нашите“ од МВР, се правеле напори за да се ослободи синот на Велјаноски и никаде да не се запишува.

Никола Груевски сето ова го аминува, не реагира. Само крои план како да го извести Велјаноски дека е запознаен што се случило, но без да му соопшти кој му ја доставил информацијата, рекоа од СДСМ на прес конференцијата во Велес.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски

ГЈ: Молам.

НГ: Горде, Трајко знае за ова?

ГЈ: Па, јас да Ви кажам, он мене не ми се јави. И јас прво прашав дали знае, меѓутоа ми кажаа моиве, сега за среќа или за несреќа нашиве чекаат некој транспорт што заедно со Грците го работиме и од лице место јавиле. Значи се јавувал овој што му е обезбедување на Трајко, таму на граничен премин, така да претпоставувам дека знае. А пошто е нели, неофицијална информација, никаде не е заведено, странска држава е, јас не му се јавив пошто не знам како да реагирам. Сега, викам да се искоординираме.

НГ: Да му јавам ја некако, како да направам?

ГЈ: Па, ако…мислам како цените. Можам и јас да му се јававам, ама Ви викам не му завртев пошто нели како неофицијална информацијата, па после препрашав и сега пак се слушнав, а бе знае ли Трајко за работава? Ми кажуваат дека се јавувал овој што му е Горан, како шеф на обезбедување и јас од таму извлекова заклучок дека знае, пошто изгледа му е незгодно да ми се јави за ваква работа, мислам апла е и плус знам дека знаете, проблематичен си е син му на Трајко.

НГ: И ќерка му, не само син му.

ГЈ: така да, мислам дека на него му е незгодно да ми се јави за ваква работа. Штом се јавувал овој од обезбедување, сигурно знае. А дефинитивно мислам кокаин е, направиле тест, нели оние брзи тестови што се…е сега пошто целава работа е така малку посензитивна, нашиве пошто работат, моментално чекаат некој транспорт со Турција ако искочи, нели ова што си работиме ние, кокаин, и гледаат ако има шанси да го пуштат Грциве, оти за толку мала количина реално не се оди во затвор, ама е скандал за нас. Да го пуштат, никаде да не запишуваме, на нивна територија е кривичното дело, ама не знаеме дали ќе го пуштат, не можеме да знаеме. Мислам ептен, со куче, со све му ја претресувале колата. Апла.

НГ: Познавајќи го колку е он некритичен, ништо чудо да рече дека го наместиле.

ГЈ: Па ја да Ви кажам Претседателе, Љупчо уште преѓе дур бев на излегување од Влада, ми ја пушти поракава, ама викам ај да не му вртам од таму, пошто нели сите слушаат, не знам кој ќе ме чуе, јас се пазам од тие од работи. Само што влегов дома му се јавив убаво да се разбереме и ми објасни што е работава. Де факто, значи вака да…он на наша страна ја поминал границата, нормално не го испровериле, син на Претседателот, али Грциве си го провериле, кучево изгледа осетило дрога и му ја истресле колата и, тоа е тоа. И плус и нож имал, што исто не смее да носи. Можда е, пошто ова се е во странство и ние као не знаеме за ова, мислам нас ни е од луѓево што се на терен. Да почекаме да видиме како ќе се заврши работава, што ќе праат Грциве со него. Да не се доведувате и Вие во ситуација…

НГ: Они, они знаат ли чиј син е?

ГЈ: Молам?

НГ: Они знаат ли чиј син е? Сигурно ќе дознаат.

ГЈ: Ќе дознаат. Мислам они може да и да не знаат сега, а јас мислам ќе се дознае. Работава е…сега е борбата пошто е мала количина, на пример и кај нас некој да го фатат со грам, два, нели тоа што се вика за лична употреба, наркоманов не одговара, одговараат дилериве. И во принцип тоа поседување на дрога е прекршок, продавање е кривично дело. Е сега он е странски државјанин, некако ако може да го спасат по тој основ, оти ако влезе во грчки затвор, тоа ќе биде циркус.

НГ: Види, ако дознаат чиј син е, ќе влезе.

ГЈ: Е па тоа е, мислам и јас прво што помислив е тоа. И мислам и помалку дрога да е, вака реално од работава ќе поднаучиш нешто, два грама не е толку малку дрога. Оти тие 1-2 дози се пола грам, четврт грам, нели ги делат таму овие што користат. Значи два грама он може толку троши, ама не е баш она ептен да речеш, како за…само за него да земе.

НГ: Не знам дали да му се јавуваме, малку незгодно, а?

ГЈ: Па јас така малку пошто е, како да речам, сега точна е информацијата, јас Ви пишав неофицијално, оти немам документ, нели сега да не си ја фатам бељата. Меѓутоа точна е, се преслушнав со луѓето, тој е човекот. Плус овој Горан од обезбедување штом се јавува, значи знаат они.

НГ: Да му ја препратам јас пораката, да речам од некој инспектор ми е, нешто така.

ГЈ: Само таму пишува: Љупчо ми јави. Малку препрајте ја.

НГ: Ќе го избришам тоа.

ГЈ: Да. Препрајте ја, ха, ха.

НГ: Ќе го избришам. Трајко ја добив оваа информација, ценам дека е редно да те информирам.

ГЈ: Да де да. Оти јас сега…

НГ: Од полициски службеници ќе речам ја добив оваа информација.

ГЈ: Знаете како, сега и мене кога ми јавија, викам сега Трајко, штом знае овој од обезбедувањето знае и Трајко. Штом не ми се јавува, значи јасно му е колку е саат. Но мислам Вие океј е, препратете му ја, сепак мене повеќе ми е…

НГ: И ќе му допишам: Ако е точно ова, добро е да не дознаат чив син е.

ГЈ: Да, да, да

НГ: Грциве. Оти да не земе он да се јавува по грции, по мрции, некој таму.

ГЈ: Инаку да Ви кажам, мислам сега ептен се да сте во тек. Нашиве што го чекаат тој транспортот, баш на Богородица го чекаат да помине, си чекаат дрога како стално што си правиме. И они си имаат муабет со Грците, колку ние да немаме вака службено, официјална комуникација, за вакви ситуации си помагаме со Грците. И значи овие што го фатиле уствари детето на Трајко се со кучиња, со тие работи спремни за другово што го чекаат, не ради синот на Трајко. Посебно у ваков ден они не проверуваат дрога по коли.

НГ: Значи, вас договорена акција за други?

ГЈ: Да де да, сосема друг транспорт си чекаат и изгледа кучево нешто осетило. Мислам знаете како, тоа животинче е. И баш онака Љупчо мми кажуваше, му ја истресле колата, све, со куче…

НГ: Така.

ГЈ: Како што си се работи.

НГ: Добро, добро Горде.

ГЈ: Вие малку сменете ја пораката и препратете му ја, инаку да знае…

НГ: И ќе речам некои наши луѓе вго МВР.

ГЈ: И може некои од Вашево обезбедување да Ви јави

НГ: Да, да, да.

ГЈ: Како што знае неговото, може и Вашето да знае.

НГ: Океј, поздрав.

ГЈ: Океј, ајде поздрав, чао.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски