Јемен: Хусите бараат целосен прекин на воздушните напади и мировни преговори под патронат на ОН

Од:

Јеменските шиитски бунтовници од племето Хуси денеска инсистираа на целосен прекин на воздушните напади на коалицијата, предводена одСаудиска Арабија, и бараат организирање мировни преговори под патронат на ОН.

Ова е нивната прва реакција по прогласениот крај на првата фаза од интервенцијата на Саудиска арабија и нејзините арапски сојузници врз Јемен, пренесоа француските медиуми.

Портпаролот на Хусите, Мохамед Абделсалам, изјави дека движењето „Ансар Алах“ е подготвено да го продолжи политичкиот дијалог веднаш штом арапската коалиција ги прекине нападите и ја крене воздушната и поморската блокада врз Јемен.

Саудиска Арабија синоќа прогласи крај на интензивните воздушни напади, што арапската коалиција ги изведуваше од 26 март, за да запре настапувањето на Хусите и на нивните сојузници.

Ријад ја информира меѓународната јавност за почетокот на нова „политичка и хуманитарна фаза“, а го заддржа правото на нови напади, доколку бунтовниците преземат заканувачки дејствија. Тоа се случи уште денеска кога авионите на коалицијата ги нападнаа бунтовничките позиции во реонот на Таез.

Портпаролот на Хусите исто така ги поздрави „позитивните напори на ОН и нејзината поддршка за национален дијалог во Јемен“.

Според податоците на светската организација, објавени денеска, од почетокот на конфликтот во Јемен загинале над 1.000 лица, соопшти ТАСС.

Би можело да ве интересира

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен

(ВИДЕО) Израел го нападна Јемен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

ВИДЕО: Експлозија на танкер во Црвеното море нападнат од Хутите, следи еколошка катастрофа

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида