Слушнете до каде отишла забеганоста на Груевски. Никола Груевски не само што нарачувал текстови на насловната страна на провладиниот весник “Вечер“ и тоа против својот бизнис партнер, Орце Камчев, туку и замислете, самиот го напишал.
За тоа следува и благодарница за Ивона Талевска, Латас и сопствениот Горан Иванов, рече лидерот на СДСМ на прес конференцијата во партиското седиште. Тој објави разговори за кои рече дека се помеѓу Мартин Протугер и Латас како и помеѓу Латас и Горан Иванов.
13. Разговор помеѓу Мартин Протогер и Драган Павловиќ Латас
ДПЛ: Кажи бе —-
МП: Ало?
ДПЛ: А?
МП: Еј, може ли во целост да го пушите интервјуто на Премиерот за МИА?
ДПЛ: Можам у ВЕЧЕР.
МП: Па да, за у ВЕЧЕР, за у ВЕЧЕР.
ДПЛ: Па можам, тамам работа. Што прашуваш глупости.
МП: Добро, добро.
ДПЛ: Што зборевме јас и ти прееска? Ја не мислам дека сум најважниот на свет, МП: Ха, ха…
ДПЛ: и дека уствари сите други треба тоа само да го признаат. Ха, ха.
МП: Ха, ха. Добро, добро.
ДПЛ: Ќе им кажам јас сега одма. Ајде.
МП: Важи, фала ти.
ДПЛ: Ајде.
МП: Чао.
14. Разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и Горан Иванов
ГИ: А гледам на ВЕЧЕР сте го направиле пуздер.
ДПЛ: Не бе, оваа Весна Божиновска. Му ставила срце, она сакала тоа да го, као на шала да го тера. Ама у текстот нема ништо, колку што знам, у текстот е само соопштението.
ГИ: А на насловна иде, гледам.
ДПЛ: На насловна го ставиле, да. Таа ми ја пуштија ја видов, на слика по СМС. Ама барал изрично на насловна.
ГИ: М?
ДПЛ: Изрично тоа детето од кај Никола се јави, како се вика едно дете младо?
ГИ: Суле.
ДПЛ: Како му е име, ја не го знам тоа.
ГИ: Суле го викаат, тој што му е портпарол.
ДПЛ: Александар или нешто, да, да, да. Ја слушав Ивона, на нејзе и се јави. Гледам одеднаш оваа се уозбили, ама мора ли? – му вика. Па добро сега вика, ако бара Никола тука нема што да се прашува он. И она вика, па добро на насловна ќе го ставам знаеш, он и диктира каде, што, све. Изрично бараше, ја бев тука. Да се стаи. —- го бара да се стаи, како. Не е мој избор да се појави на —-.
ГИ: А тебе кој ти се јави?
ДПЛ: Он на Ивона ја прашува дали треба да ми се јави на мене, кога беше тука. Не, ја ќе му кажам вика.
ГИ: Мхм.
ДПЛ: Тој Александар, ако збориме за истиот. И ја кога ја прашав, она ми објасни кој е тој.
ГИ: Тој е тој. Тој е од Ѓорче.
ДПЛ: Тој е тој.
ГИ: Бара изрично, и мислам дека Никола го има праено текстот, до толку е лично. Не е од Мартин, и од овие, од оние. До толку е лично и се инсистираше.
15. Разговор помеѓу Мартин Протуѓер и Драгана Павловиќ Латас
МП: Слушаш!
ДПЛ: А?
МП: Те барав и ноќеска. Со Ивона зборев, зборев и со Горан.
ДПЛ: Добро.
МП: Вака. Значи, од срце сакам да ти се заблагодарам…
ДПЛ: Ајде иди у пичку матер, ја мислам…
МП: Нај вака другарски, најдлабоко голема благодараност…
ДПЛ: Добро бе, фала ти.
МП: И во, во…значи не се зафркавам. Во вакви моменти, ја ги гледав другите како реагираат…
ДПЛ: Аха.
МП: Имаше интересен дел, што ме зачуди, од луѓево што се околу нас…
ДПЛ: Аха.
МП: Што видоа малце, претпоставуваа неизвесност некоја и така, па полека се повлекуваа и…
ДПЛ: Уцвикаа…
МП: Вие зацапавте со две нозе, зацапавте во битката, значи без пардон.