(ВИДЕО) СДСМ Центар: Докази како ВМРО-ДПМНЕ ги лаже и манипулира центарци за ГТЦ

Од:

Општинската организација на СДСМ-Центар, реагира на се почестите притисоци, закани и манипулации со кои се служи ВМРО-ДПМНЕ за опструирање на референдумот на ГТЦ на 26-ти април.

„МВРО-ВМРО, предводено од Гордана Јанкулоска, освен што не ги повлече уфрлените  гласачи од Пустец и од други места во избирачкиот список во Центар, повторно продолжува со притисоци врз активистите за ГТЦ.

kontra

Граѓаните  не информираат дека секоја вечер, полициски Алфи, заедно со членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, уништуваат рекламен материјал  за ГТЦ . Исто така тие го уништуваат и приватниот имот на граѓаните шкртајќи по ѕидовите и фасадите“, велат од СДСМ Центар.

kontra2

„Најголемиот револт кај центарци го предизвикуваат активистките на Унијата на жени, предводена од пратеничката  Даниела Рангелова, кои одат од врата на врата и лажно се претставуваат дека се архитекти од фантомска организација и им кажуваат дека, наводно, во недела, нема да се одржи референдумот за ГТЦ. Најтрагично од се е што лажни архитетки, не се од Центар, туку од Прилеп, Велес, Куманово, Гази Баба и од Бутел.

kontra 6

Една од тие наводни архитектки, е Билјана Цветковска, вработена во ОУ „Димитар Миладинов“ како хигиеничарка.

kontra 4

Од месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Дебар Маало, вчера излегоа 4 активистки од Унијата на жени, кои претходно одеа на терен како лажни архитектки, агитирајќи против ГТЦ и со возило ОПЕЛ Астра, со скопски регистарски таблички, заминале во населбите Автокоманда,Гази Баба“, соопштуваат од СДСМ Центар.

kontra 3Општинската организација на СДСМ-Центар уште еднаш апелира до жителите на Центар да не подлегнуваат на овие груби лаги и да излезе на 26. април и да гласаат за ГТЦ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата