(ВИДЕО) Заев: Стојменов бара помош од Протугер за неплатен данок

Од:

Газдата на Канал 5, Емил Стојменов само за една фактура треба да плати данок од 400.000 за што бара помош од Мартин Протугер, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев и објави разговор за кој посочи дека е помеѓу Мартин Протугер и Стојменов.

21. Разговор помеѓу Мартин Протогер и Емил Стојменов 

ЕС: Значи петок иде…знаеш дека согласно законот мораме да доставиме фактура, мораме…не знам што ќе праиме…јас сум многу исплашен, мислам, со Бети оваа што е главната збориме…збореле овие нашиве и они се збунети. Не знам, дај да видиме што ќе праиме…

МП: Добро готово ај сеа ќе се јавам да видам шо е…

ЕС: Значи да видиме фактурата значи според тоа што сме ценовникот значи нискиот е пак огромна …

МП: Мхм

ЕС: Тоа ако треба данок да се плати ние може да се затвориме клуч на врата овдека сите заедно

МП: Мхм мхм

ЕС: Разбираш? Значи до таму сме ние дојдени ај шо не плаќаат луѓево, него ние денеска кредит зиаме за плата, замисли 400 илјади евра треба данок да платиме мислам за само за таа фактура..

МП:Не не не, ние ќе најдеме начин тоа да го овакво…

ЕС: Ајде види тоа пошто петок мораме јавно да излеземе а почнуваат веснициве да бараат коментари, дадовте ли фактури нели знаеш, кој ти е за кого ти е

МП: Да да, готово готово готово

ЕС: Ајде поздрав чао

МП: Важи чао чао

22. Разговор помеѓу Мартин Протогер и Емил Стојменов

ЕС: Ало

МП: Емил, шо праиш?

ЕС: Еве Мартин да.. до работа дојдов, ти?

МП: Добро бе добро еве работно, па сеа зборев со премиерот, Лидија ми кажа дека проблем пак со овој Горан има некој, премиерот збореше со Горан партали го напраи да знаеш, значи вакаа… партали, пошто овој коа сте биле заедно му рекол под контрола е работата…

ЕС: Да…

МП: Иии премиерот му рече што ти значеше тоа под контрола тука пред чоек ти се јавувам ме ставаш у ситуација… не значи тоа од 300 на 200 да се намали… под контрола е работата… партали го напраи. Сакаш ли да се видиме ја и ти заедно да го бараме Горан или јас уше еднаш да му се јавам, ми рече и ти јави му се обавезно, ја да му се јавам сеа…

ЕС: Ајде јави му се…

МП:…ии…

ЕС: Јас се слушнав со…

МП:…кажи ми твој агол, каков е статусот, шо треба да се напраи за да се затвори тоа?

ЕС: Види јас со него…јас со него разговаравме, ме викна кај него у канцеларија, разговаравме, ми рече Емил еве го записникот овие моите кокошки што нашле, пошто претходно пак ме викна ми кажуваше дека они може да си пишуваат што сакаат, он си е тој што ќе си го реши проблемот, разбираш?

МП: Мхм…

ЕС: И ме викна тамо, викам Горан слушај вака две работи да знаеш, јас да сум…да сме напраиле нешто, не сме напраиле ништо…да така е, проблемот е што ти дозволивме да влезеш во инспекција кај нас после 6 години од поминат период е сега коа ќе стаиш на било што камата тоа е пута 300 посто и викам сума како пари изгледа голема и он ми вика еве ти го записникот те молам пошто вие имате стручни екипи ваши во фирма консалтинг

МП: Мхм мхм

ЕС:…напрај ми ги сите забелешки, како ќе ми ги напраиш забелешките ја така ќе го прифатам записникот

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски