(ВИДЕО) Заев: Латас рекетирал фирми да не објави ништо за нив

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави разговори за кои посочи дека се на уредникот на Сител, Латас. Заев кажа дека тој договара свои бизниси од позиција на уредник на Сител, трампа бетон, рекетира фирми и луѓе да не објави ништо против нив.

18. Разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и соговорник

С1: Значи види вака, јас ќе се видам после со него да му кажам: Утре Латас ќе земе некоја количина на бетон, у петок ти прави прилог на вести…

ДПЛ: Не можам у еден ден да го истрпам тој, ама од утре почињам…

С1: А бе од утре почиња, од утре почиња…

ДПЛ: Е така…

С1: Ајде.

ДПЛ: У петок правиме прв прилог, идната недела уште еден.

С1: Ајде, готово.

ДПЛ: Е така.

С1: Ајде, чао.

ДПЛ: Ајде.

19. Разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и соговорник

ДПЛ: Кажи директоре?

С: Уредниче бе што праиш?

ДПЛ: Еве бевме со директоров мој во една банка тука по реклама и се искачаме

С: Ааа, абе ми требаш нешто таму да ти кажам за еден човек да не го рчкаш нешто…

ДПЛ: За кој?

С: Ќе ти кажам…кај сте да дојдам да ве видам една минута?

ДПЛ: Е нема ја сеа идам дома ручек да носам чекаат

С: А да дојдам таму пред зграда кај тебе може?

ДПЛ: Абе кажи ми само шо се секираш….

С: Овој ми е другар ептен добар стално ги закачаш на оној Пуцко од Кичево син му…

ДПЛ: Кој е, кој е тој? Со што се бави?

С: Со нафта шо имаат бензински Пуцко петрол…

ДПЛ: Пуцко петрол?

С: Да…

ДПЛ: На Велија Рамковски спонзорот?

С: Абе каков спонзор немаат ништо со него више

ДПЛ: Може ли они со нас една реклама да напраат, све да завршиме?

С: Ќе напраат се шо треба ќе го донесам кај тебе…

ДПЛ: Готово…

С: Син му ми е види…син му ми е ептен добар другар

ДПЛ: У понеделник моеш да го донесеш?

С :Ќе го донесам и сеа ми се јави…

ДПЛ: У понеделник ќе напраиме ја и ти муабет со него…у вторник завршено

С: …да ти кажам …не не гледај, знаеш шо е работата? Денеска у транспорт и врски имало јавна лицитација купиле место у Скопје за бензиска у Ново Лисиче на на наддавање си ја купиле и виак те молам да му кажеш да не не пљука нешо да не ни заебе работа…

ДПЛ: Дооброо…ја денеска тоа ќе го завршам

С: Денес само ништо да нема у понеделник ти го носам ќе видиш за какви луѓе се работи, топ се

ДПЛ: Готово ее, моето ќе го завршам. Готово не се секирај…

С: Готово уредник, чао фала…

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски