(ВИДЕО) Заев: За Ставрески, Миленко е тежок хохштаплер и треба да заврши во затвор

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на прес конференција објави разговори, за кои рече дека покажуваат како власта вршела диктат врз Сител и Канал 5.

„Протуѓер бара од Стојменов да не објави анкета која не и одговара на власта, да се тргне интервју на Лидија Богатинова со Денко Малевски, Канал 5 да го преземе интервјуто на Нетпрес со Магаш, Протуѓер решил Латас да го награди со ексклузивка, за Ставрески, Миленко е тежок хохштаплер и треба да заврши во затвор, а Груевски нарачал и напишал текст против Орце Камчев“, рече Заев.

6.Разговор помеѓу Мартин Протуѓер и Емил Стојменов

ЕС: Ало.

МП: Ало?

ЕС: Ее, Мартин.

МП: Ее, Емил здраво.

ЕС: Здраво.

МП: А бе, може ли да те замолам оваа анкетава на ДНЕВНИК ја превземаат вашиве…

ЕС: Добро. А која е таа анкета?

МП: Ако може да не ја превземат. Дека ќе тепаме со…

ЕС:  Анкетата на ДНЕВНИК!?

МП: Да, да, да.

ЕС: Аха. Мартин…

МП: Затоа што…

ЕС: Кажи ми…добро, што?

МП: Ѓорѓи Спасов, Ѓорѓи Спасов ја има праено.

ЕС: Добро.

МП: И кај нив има накачено едно 3%, разбираш?

ЕС: Аха.

МП: Пак викаат дека ќе тепаме ние со 49 пратеници, они ќе имале 34-35, не знам како…

ЕС: Добро.

МП: Ама не е така, знаеш. Мее,

ЕС: Океј. Ти информирај ме пошто јас сум, тука гост на УЕФА, ме викнаа у Лондон сум, само што стигнав.

МП: Ааа, еее, супер, супер, супер. Извини.

ЕС: Така да ќе бидам една недела гост сум нивни, специјален овдека за ова финалето што е.

МП: Ааа, одлично.

ЕС: И до неделаа сум тука. Значи те молам било што, ја не сум у тек, не гледам, не пратам, информирај ме.

МП: Важи, ќе ти вртам ја, ќе ти вртам.

ЕС: Слободно, да знаеш. Сега ќе и се јавам на Лидија да и кажам за у 5 да не оди тоа веќе…

МП: Важи, важи друже. Важи, фала ти. Чао.

ЕС: Ајде, чао.

7. Разговор помеѓу Емил Стојменов и Мартин Протогер

ЕС: Ало

МП: Емил

ЕС: Е повели друже

МП: Шо праиш, како си?

ЕС: Добар еве тука до едно место дојдов со едни луѓе да се видам, ти?

МП: Добро бе добро еве по работа и така…

ЕС: Ахаа…

МП: Абе за ова, за тужбата денеска е актуелна

ЕС: Добро, која тужба?

МП: Ова со Грција што е…

ЕС: Аа добро добро…

МП: Иии оваа Богатинова го викнала овај Денко Малески…

ЕС: Добро…Ќе и кажам да го тргне добро…

МП: …овој објаснувал таму… вака така…

ЕС: А кај го викнала не разбирам

МП: У вести тамо давал изјава…експертски ставови

ЕС: А кога тоа? У 9? У кои вести бе?

МП: Е па не знам сега, така ми пишаа овие моиве…вика го викнала Денко Малески, Богатинова…

ЕС: У 3 има вести..ајде ја сеа ќе и се јавам одма…

МП: Да…

ЕС: …а шо објаснувал тоа говедо?

МП: Па дека и двете страни имале…требало да се реши спорот со Грција…дека тоа покажала пресудата

ЕС: Абе таа ненормална…

МП: Дека двете страни имале добра волја и треба така да се оди кон решение…

ЕС: Ќе и кажам да го тргне уопште да не го пушта, кој треба да го викне?

МП: Не бе некој…без разлика, некој нормален

ЕС: Дооброо

МП: Шо ја има исчитано пресудата, знаеш

ЕС: Дообро…ја нее… ја од тебе слушам

МП: Ние пративме брифинг до сите

ЕС: Добро…

МП: …до сите медиуми вака шо се…тези шо се важни за нас, знаеш

ЕС: Доброо, договорено

МП: Океј

ЕС: Готово, ја сеа ќе и се јавам у момент одма и се јавувам…

МП: Важи важи…

ЕС: Ајде друже, поздрав

МП: Чао

8.Разговор помеѓу Емил Стојменов и Мартин Протогер

МП: Емил шо праиш, Мартин е

ЕС: Еее Мартин дома ништо посебно да ти кажам така седам…

МП: Ааа добро.. Види сакав нешто да те замолам ако може за поддршка..

ЕС: Кажи…

МП: На Нетпрес има излезено со овој Магаш едно интервју, во коешто кажува цел шверц со нафта со цигари како бил во детали…

ЕС: Добро…

МП: Тоа е ново интервју

ЕС: Аха…

МП: Тој од Нетпрес отишол да го сними, саат ипол го снимал…

ЕС: Аха…

МП: И кај вас идеше сеа као споредна вест одма со одговор на ес де ес дека од нас е штелувано и така…Ударно да го напраиме, важно ни е пошто сакаме цел нареден период тоа да го цедиме знаеш…

ЕС: Мхм мхм мхм…

МП: Ако може да го напраат со фокус вака да биде ударна вест и така..

ЕС: Добро а кај е тоа, кај го имало на вестите у 3 саат

МП: Да…

ЕС: …океј не сум се чул ја со оваа, ќе  се чујам со со… со Лидија се слушнавте. Се слушнал некој со Лидија? Не знаеш…

МП: Па Илија зборел, Илија зборел…

ЕС: Мхм, мхм,мхм доброо…Важи ќе и кажам ја, важи друже договорено…

МП: Фала ти…

ЕС: Поздрав…

9.Разговор помеѓу Драгана Павловиќ Латас и Сашо Мијалков

ДПЛ: Да?

СМ: Само да знаеш, кажав да не кажуваат на другите.

ДПЛ: Добро.

СМ: До внесување, само ваша камера ќе има.

ДПЛ: Ваму у 1 саат, така?

СМ: Освен некој ако не дознае од други извори, знаеш како ти е тоа.

ДПЛ: Да бе, има по суд тоа. Приправници, чувари.

СМ: Секој…Не бее. Секој…У МВР, тука има шпиунчиња, овие, знаеш новинарите си имаат по некој.

ДПЛ: Не е проблем бе, не е проблем, ние…

СМ: Ама не е кажано, ја реков: сакам Латас да го частам, викам да има ексклузива за влагање, а за излагање ќе има и други.

ДПЛ: Добро, готово.

СМ: Така да знаеш, да имаш ти нешто, да имаш така…

ДПЛ: Поише.

СМ: Само ти, да.

ДПЛ: Важи. Кога идеш на одмор ти?

СМ: У 1 саат ќе го носат од напред. Значи од напред ќе го внесат.

ДПЛ: Од напред? Добро, добро.

СМ: Ајде.

ДПЛ: Ти кога идеш на одмор?

СМ: Ја идам у четврток на пат, ќе бидам на пат и после не се враќам, директно ќе продужам.

ДПЛ: Добро, добро.

СМ: Да знаеш. Ајде.

ДПЛ: Важи, чао.

10.Разговор помеѓу Мартин Протуѓер и Миле Јанакиески

МП: Миле?

МЈ: Еј Мартин. Кај Премиерот бев, не можев да ти се јавам.

МП: Ааа, добро. Прво за отчетите, да знаеш дека никаква работа не си завршил, од нула почнува работата.

МЈ: Мартин, ја имав работа само да ги соберам отчетите, и ги собрав.

МП: Не, не. Ти ги собра, со курот на маса ги собра отчетите….

МЈ: Не, не, се извинувам, не си во право.

МП: А ја ги собрав отчетите…

МЈ: Значи јас ги собрав такви-какви што ми дале…

МП: Знаеш колку отчети има Миле? Знаеш колку отчети има? 20, од 56!

МЈ: Е толку ми дале општините.

МП: И од тие 20 може да направиш 10.

МЈ: Не, јас, значи мојата задача беше само да ги соберам. Значи не ми префрлувај нешто што не било мое…

МП: Добро, добро. Не, само да знаеш…

МЈ: Толку ми дале обврска…

МП: Друго да ти кажам нешто…

МЈ: обврска за програми да правам, и ги правам, и такви се, какви што се очекува…

МП: Да ти кажам нешто сега, да ти кажам…

МЈ: Не ми префрлај нешто што не било моја обврска!

МП: Те дупам бе, доста ајде.

МЈ: Моја обврска беше техничка, да се испојават моиве по градовите, да соберат отчети. Тоа беше.

МП: Договорив прасе, наредна недела…

МЈ: Значи многу ме нервираш кога ме напаѓаш без основа, не ти е прв пат.

МП: Доста сега.

МЈ: Ќе видиш како ќе биде сега отчетот на Центар што го правам јас.

МП: Слушај сега. Наредна недела среда-четврток прасе правиме, ја договорив и кафана и све.

МЈ: Е па сега петок рече?

МП: Земи го…Не, ама не можам, стварно, треба да одам во Охрид. А, Република весникот си го нарачал во еден примерок.

МЈ: Во три му реков да го нарача.

МП: Само еден си нарачал.

МЈ: Добро, ќе го зголемиме, кажи му.

МП: Не, зголеми го на 20.

МЈ: А, немам, не можам 20, немам толку весници, не зафркавај.

МП: Ќе го дадеш по канцеларии бе.

МЈ: Добро, ќе порачам максимум. Колку што има секој максимум, толку ќе порачам.

МП: Колку…А бе не, гледај максимум што можеш. Најмногу што можеш…

МЈ: Добро, максимум колку што имам ВЕЧЕР и…ВЕЧЕР колку што имам, толку ќе имам и Република, ај.

МП: Максимум, максимум. Да не се 5-6. Максимум.

МЈ: Добро, ајде чао.

МП: Ајде, ајде чао.

11.Разговор помеѓу Драган Павловиќ Латас и Горан Иванов

ДПЛ: А слушај, овие нашиве полуписмениве што гледаат денес му се јавиле на Мартин, и Мартин вика: А бе нели рековме да не ги пуштаме активностите на опозицијата? Викам: кој ги пуштил? Па еве сега ми викаат сега идело. Па викам, тие ти кажале ли што иде? Ја му кажувам што е. Ауу, па тоа се сосем друго. Толку сечат тие, да го ебам. Активностите на опозицијата!

ГИ: Ха, ха, ха.

ДПЛ: Ха, ха, ха. Ај глупости.

ГИ: Па ја му викам, он ми се јави вчера, а бе човече ние у опште не ги покриваме, а бе нула, као да не постојат.

12.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески

ЗС: Океј, сака он да оди кај Миленко, нека оди.

ГЈ: Да де да.

ЗС: Ја гледам што зборат. Ја немам фејсбук, ама гледам отприлика на Плусинфо, на Либертас, на овие, гледам што се коментира.

ГЈ: Јас имам, јас имам Зоки…

ЗС: Не сум од вчера…

ГЈ: Срам ми е да читам. Значи кога ќе видам статуси или наслов објавен, срам ми е. Не си така воспитан, мизерии да читаш, на јавен простор, најниски вулгарности.

ЗС: За таа новинарката една што беше исто…

ГЈ: За Мери, да. Мислам, каква сака нека е, ти не можеш да и го нарушуваш достоинството на тој начин. Кој ти дал право за тоа?

ЗС: И се друго, и некои такви. А бе го знам човекот е хоштаплер тешок.

ГЈ: Малограѓанштина.

ЗС: Лопивиште. Тој требаше во затвор да заврши, и…

ГЈ: Да, да, да.

ЗС: Таму му беше местото за тоа што го крадел.

ГЈ: А бе ајде. Добро нека оди фаворитот.

ЗС: Фаворитот бе, да.

ГЈ: Да.

ЗС: Сега он ќе се претстави. Нека тера, доста веќе.

ГЈ: Нека тера. Ти е гајле. По мене добра одлука, како што треба баш.

ЗС: Океј, ајде. Се гледаме, чао.

ГЈ: Ајде, се слушаме, се гледаме, чао, чао

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски