Радиодифузната такса отсега може да се плаќа онлајн со користење на електронските услуги на УЈП е-Радиодифузна такса.
Покрај електронското плаќање на надоместокот, електронски може да се направи и увид во евиденцијата и преглед на платени и неплатени решенија за РДТ.
Електронското плаќање може да се изврши со регистрирање за е-Радиодифузна такса. Постапката на регистрација за електронските сервиси за РДТ е бесплатна за граѓаните и не е потребен дигитален сертификат.
На физичките лица-обврзници на РДТ кои се регистрирани во системот за е-Даноци со дигитален сертификат, без дополнителна регистрација, само со дополнување на податокот за интерна шифра од МРТ во сопствениот профил, автоматски им се овозможува користењето на електронските сервиси за РДТ.
Електронското плаќање на Радиодифузна такса за физичките лица е овозможено со платежните картички Виза, Маестро и МастерКардиздадена од домашна банка.
Преку мобилната апликација на УЈП може да се провери состојбата на РДТ и преку телефон и таблет. Мобилната апликација е бесплатна и може да ја користат сите регистрирани корисници на системот е-Даноци на УЈП со или без дигитален сертификат.