Нов Зеланд подготвува обнова на блискоисточните преговори

Од:

Нов Зеланд соопшти дека подготвува резолуција на Обединетите нации, чија цел е обнова на преговорите меѓу Израел и Палестинците.

Претходните обиди да се постигне мировна спогодба пропаднаа во април минатата година, по девет месеци тензични разговори, а разликите меѓу ставовите на двете страни се повеќе се зголемуваа.

Мировниот процес почна уште пред две децении, главен посредник беа САД, но решение се уште не е постигнато.

Амбасадорот на Нов Зеланд во ОН, Џим Меклеј изјави синоќа во Советот за безбедност дека дошол часот ова најмоќно тело на ОН да го употреби својот морален и правен авторитет за да ги поттине продуктивните преговори.

– Нов Зеланд работи на текстот на резолуцијата со цел да се постигне тоа, нагласи тој и додаде дека Франција исто така работи на резолуција, со која би се одредиле параметрите на мировната спогодба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Палестинците го слават примирјето и се враќаат во домовите

Катерина Ѓуровски

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Кревко примирје во кое многу работи можат да тргнат наопаку“

Катерина Ѓуровски