Леонидас Боболас, директор и син на сопственикот на Актор, грчкиот бизнисмен Јоргос Боболас е приведен и се наоѓа пред грчкото обвинителство каде го обвинуваат за неплаќање данок и „перење пари“.
Грчките медиуми не откриваат конкретно во врска со кој бизнис конкретно се товари со оглед дека Леонидас управува со фирмите на својот татко од областа на инфраструктурата, енергетиката и недвижностите. Јоргос Баболас поседува и медиуми, а управувањето со тој бизнис го има препуштено на вториот син, Фитис Баболас.
Лепонидас утринава сам отишол и се пријавил во обвинителстовто, откако дознал дека има наредба за негово приведување.
Аферата „Актор“ која е актуелна и во Грција, не беше ниту спомната досега во медиумите кои се во сопственост на газдата на холдингот „Елактор“-Мега телевизија и дневниот весник Етнос.
82-годишниот бизнисмен Јоргос Баболас е познат како национален инвеститор, бидејќи неговата компанија Актор е стожерот на холдингот „Елактор“ во кој има и фирми од областа на енергетиката и недвижностите и досега блиска до сите власти во Грција.
Тоа е холдингот кој ги изведува сите најзначајни инфраструктурни објекти во Грција од изградба на патишта до модернизација на железница. На официјалната интернет страна, холдингот Актор е запишан како изведувач на автопатот Демир Капија – Смоквица, но како што е запишано наместо во Македонија, во Скопје.