Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ вели дека барањето од извештајот на ЕК, Србија да го почитува територијалниот интегритет на Косово би можел да води кон затворање на дијалогот Белград – Приштина.
„Многу сум вознемирен од ваквата изјава, затоа што наместо да помогне во почетокот на дијалогот, таа може да го затвори. Можеби е почесно од Србија да се побара да ја признае независноста на Косово отколку да го признае државниот интегритет“, изјави Дачиќ на пресконференцијата.
Дачиќ додаде дека е изненаден од изостанувањето на разбирањето за напорите кои Србија ги прави во однос на нормализацијата на односите со Приштина и истакна дека Србија нема да и помогне на Приштина во заокружувањето на независноста на Косово.
Европската комисија во Брисел го претстави Годишниот извештај за напредокот на Србија. ЕК не препорача давање на датум за почеток на преговорите со ЕУ. Наместо тоа, препорача подобрување на односите со Косово.