Жерновски: Граѓаните алармираат дека активисти од ВМРО-ДПМНЕ агитираат дека референдум нема да има

Од:

„Низ Дебар Маало, во Градски ѕид и Пролет  и попладнево, од врата на врата одат група жени и агитираат да не се излезе во недела на 26-ти април на референдум.

Тие на граѓаните им велат дека референдумот во недела нема да се оддржи бидејќи било јасно дека е нелегитимен“, соопштуваат од Општина Центар.

„Ова на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски му го потврдија и жителите од Градски ѕид со кои вечерва имаше средба. Според граѓаните, оваа група е организирана од општинската организација на ВМРО ДПМНЕ во Карпош.

Денеска, велат жителите во повеќе згради низ Центар, вработени од  Водовод, оделе од стан до стан и ги поучувале центарци дека референдум во недела нема да има“, велат од Општина Центар.

Градоначалникот Жерновски вечерва уште еднаш ги повика граѓаните од Центар на 26ти април да излезат и да гласаат за тоа каков ГТЦ сакаат.

„Раферендум на 26-ти април за ГТЦ ќе има и тој ќе биде успешен. Затоа сите во недела да излеземе и да го дадеме својот глас . Се гласа на истите избирачки места каде што своето избирачко право го остварувате на сите досегашни претседателски, парламентарни и локални избори“, рече Жерновски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Вработените во ГТЦ протестираа: Бараат зголемување на платите за најмалку 1.600 денари

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец