АДМ ќе отвора фабрики за шеќер во Бугарија и Турција

Од:

Американскиот прехрамбен гигант „Арчер Даниелс Мидланд“ (АДМ) ќе купува фабрики за мелење пченка во Бугарија, Турција и Унгарија, каде ќе произведува шеќер по укинувањето на квотите за негово производство во 2017 година.

– Договорот предвидува АДМ да стане единствен сопственик на фабриките за мелење пченка во Бугарија и Турција и на 50 проценти од ваквите претпијатија во Унгарија, се наведува во соопштението на американската комапнија, додавајќи дека купопродажбата ќе чини 240 милиони евра.

Од пченката се проведува изогликоза, односно шеќерен сируп, кој служи како суровина за добивање на шеќер.

Според раководотелот на Одделот за преработка на пченка на АДМ, Крис Коди, целта на оваа зделка е компанијата да обезбеди географско ширење и диверзификација на производството.

– Со наближувањето на крајот на квотите за производство на шеќер во ЕУ, ќе биде укинато вештачкото ограничување. Тоа ќе создаде огромни можности на новиот европски пазар на шеќер, при што особено интересна е Источна Европа каде прозивидството на шеќер е помало, нагласи Коди.

Фабриките што АДМ ги купува во Бугарија, Турција и Унгарија имаат капаците за мелење на над 5.000 тони пченка дневно. Во нив се прозведува изогликоза и скроб, а капацитетите во Унгарија дополнително се оспосбени и за производство на етанол.

Со новите фабрики мелничкиот капацитет на АДМ ќе се зголеми за 7,5 отсто на 81.000 тони на ден.

Пред конечно да стапи во сила, договорот за преземање на фабриките во Бугарија и Унгарија треба да биде одобрен од регулаторните тела на ЕУ. Се очекува овој процес да заврши во текот на летото.

Би можело да ве интересира

Турција се приклучи на „коалицијата на спремните“, подготвена е да го надгледува мирот

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул

28 патници се повредени при превртување на автобус во Турција

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки

Ердоган: Турција и Италија ќе продолжат да ја зајакнуваат соработката во областа на одбранбената индустрија