Иранскиот заменик-министер за надворешни работи Хусеин Амир Абдулахиан изрази оптимизам дека уште денеска може да биде прогласено примирјето во Јемен.
– Оптимист сум дека следните часови по многу напори ќе бидеме сведоци на стопирање на воени напади во Јемен, истакна Абдулахиан.
Триесет и осум цивили беа убиени, а 532 беа ранети во експлозии во вчерашните воздушни напади во главниот град на Јемен, Сана.