Асад: Франција го поддржува тероризмот во Сирија

Од:

Сирискиот претседател Башар ал-Асад во интервјуто за францускиот национален телевзиски јавен сервис Франс 2, ги отфрли обвинувањата против неговата армија и ја обвини Франција дека „го поддржува тероризмот“ во Сирија, јави дописникот на МИА од Париз.

Интервјуто на сирискиот претседател беше емитувано во телевизискиот дневник во 20 часот, каде прифати да одговори на прашањата на француската телевизија, четири години по почетокот на граѓанската војна во Сирија.

Контактите меѓу француските тајни служби со сириските се уште постојат и покрај прекинот на дипломастките односи, тврди Башар ал-Асад.

– Има контакти, но нема соработка, изјави Асда, недавајќи повеќе подробности.

– Ние секогаш сме заинтерсирани за дијалог, но не можеме да воспоставиме дијалог со режим кој го поддржува тероризмот во нашата земја. нагласува сирискиот претседател.

Според Асад, противиците на неговиот режим се терористи.

– Тие кои започнаа да работат против Сирија беа прва Франција, втора Велика Британија, вели Асад, притоа изразувајќи жалење бидејќи „никој повеќе не ги сфаќа сериозно изјавите на француските раководители“.

Според него, ова се случува од едноставна причина што Франција станала еден вид „сателит на американскта политика во регионот“.

– Таа не е независна, и нема тежина и нема повеќе кридибилитет, тврди сирискиот претседател.

Асад вели дека за групата Исламска држава одговорност не треба да се бара кај него, туку кај САД, бидејќи, според него ИД била создадена во Ирак во 2006 година под супервизија на Американцните.

– Доаѓањето на ИД во Сирија е како зараза, бидејќи хаосот е заразен, истакна сирискиот претседател.

Башар ал-Асад тврди дека воздушните напади на коалицијата од 60 земји против позицииите на ИД се неефикасни, за разлика од акциите на сириските сили, кои иако се помалку опремени, во еден ден бомбардираат многу повеќе.

Сирискиот претседател ја демантира употребата на хемиско оружје од страна на неговата армија за што е обвинет од невладината организација Хјуман Рајѕс Воч (ХРВ).

За интервенцијата на Хезболах во сирискиот конфликт, односно стратешката поддршка што оваа организација и Иран му ја даваат на Дамаск, Асад одговара дека “ниту една земја нема право да интервенира без да биде поканета“.

– Ние го поканивме Хезболах, но не и Иранците. Нема ирански трупи во Сирија и тие не испратија никакви сили. Но, има размена на офицери во согласност со постоечката соработка меѓу двете земји, вели сирискиот претседател.

Според Сирискиот центар за мониторинг на човековите права. „Чуварите на Револуцијата“, елитната единица на иранската Армија, заедно со Хезболах и сириската армија се борат на југот од Сирија.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили