(ВИДЕО) Заев: Со гордост го честитам роденденот, СДСМ ќе ги врати демократијата и слободата во државата!

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во обраќањето по повод роденденот на СДСМ ги повика граѓаните да се приклучат во историската битка за достоинствени граѓани на достоинствена, демократска и европска Република Македонија.

Еве што вели Заев:

Почитувани граѓани,

Социјалдемократскиот сојуз покажа зрелост во сите клучни моменти за државата.

СДСМ, како одговорна партија успешно одговори на сите предизвици: од осамостојувањето на земјата и формирањето на институциите, преку меѓународното етаблирање на земјата, премостувањето на воениот конфликт, до трасирањето на патот на Македонија кон Европската Унија и НАТО.

Денес, на 24-от роденден, СДСМ е исправена повторно пред еден од најголемите предизвици од независна Македонија – враќање на сите срушени вредности од страна на 9-годишната расипничка и узурпаторска власт.

Денеска, во чест на роденденот на СДСМ ја испраќам силно пораката, дека СДСМ ќе ги врати демократијата и слободата во државата!

Храбро и одважно, со проектот Вистината за Македонија застанавме на браникот на заштитата на човековите и државните вредности.

Порачувам дека нашата посветена работа продолжува и нема да застанеме додека не им ги вратиме на граѓаните и на Македонија!

Со гордост го честитам роденденот на Социјалдемократскиот сојуз и ве повикувам вас граѓаните да се приклучите во историската битка што ја поведовме, за достоинствени граѓани на достоинствена, демократска и европска Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања