Филе: Потребен е видлив и оддржлив напредок во односите меѓу Белград и Приштина

Од:

Србија е на пат да ги исполни политичките критериуми и услови од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, изјави денеска еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

На состанокот на Одборот за надворешна политика на Европскиот парламент, Филе порача дека Европската комисија ја охрабрува Србија да продолжи со спроведувањето на реформите и понатаму конструктивно да се ангажира во регионалната соработка и изградбата на добрососедските односи.

Тој нагласи дека е нужен видлив и оддржлив напредок во односите меѓу Белград и Приштина, за Србија, но и Косово, кое одвоено се третира во Извештајот, да можат да продолжат на патот кон ЕУ, не попречувајќи си меѓусебно.

-Потребен и видлив и оддржлив напредок во односите меѓу Белград и Приштина за Србија и Косово да продолжат по патот за ЕУ и да избегнат да се блокираат едните со другите во тие напори, рече Филе.

Тој процес, според него, треба постепено да резултира со нормализација на односите.

Би можело да ве интересира

ЦРПМ македонски партнер во европски проект за управување со биодиверзитетот

Горан Наумовски

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

ЕУ се закани: Имаме доказ – и помогнаа на Русија, ќе „платат“ за тоа

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија