Центарци: На 26-ти април сите ќе излеземе на референдумот за ГТЦ

Од:

„Жителите на Дебар маало не дозволуваат да се упропасти душата на Скопје – Градски трговски центар. На средбата со градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, неговите соработници и директорот на ЈП ПОЦ Саша Богдановиќ јасно порачаа дека ќе излезат на 26 април за да го дадат својот глас за зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ“, соопштуваат од Општина Центар.

Жерновски ги замоли сите жители на Центар  да го искористат своето право и од 07:00 – 19:00 часот, в недела на 26- ти, на истите избирачки места, каде што гласаат на парламентарни, претседателски и локални избори да дојдат и да го кажат својот став за ГТЦ.

Dane Krapcev 2

„Ова е историска работа бидејки во Центар за прв пат се одржува референдум. По ова во општина Центар ќе имаме референдуми за сите битни прашања кои ги засегаат граѓаните. Референдумот е за да се исправат погрешните политики на властите“, рече Жерновски.

„На средбата граѓаните беа информирани дека целосно ќе се реконструира вториот дел на улицата Орце Николов од Идадија до бензинската пумпа, Аминта Трети од паркот до Партизанска, Димитрија Туцовиќ, а конечно Дебар маало ќе добие и свој парк.

Dane Krapcev 4

Дебар маало 1 и Дебар маало 2 се првите ДУП-ви кои ќе бидат разгледувани.

Од мај месец продолжува акцијата Цел Центар на точак.

Од септември родителите на децата во училиштата во Центар нема да плаќаат за обезбедување, за еднодневна екскурција, а во градинките за физичко воспитување и англиски јазик. Овој трошок ќе го плаќа општина Центар.

Dane Krapcev 1

Договорена е посебна средба за решавање на проблемите со паркингот, а директорот Богдановиќ информираше  дека гостинската карта ќе важи за 150 часа“, велат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Вработените во ГТЦ протестираа: Бараат зголемување на платите за најмалку 1.600 денари

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец