Панче Кралев нов претседател на Одбор на директори на Македонски телеком

Од:

Нов претседател на Одборот на директори на Македонски Телеком е Панче Кралев, кој досега ја вршеше функцијата неизвршен член. Кралев е избран на функцијата на денешниот вонреден состанок на Одборот на директори.

Одборите на директори на Македонски телеком и на Т-Мобиле Македонија денеска на вонредни состаноци донеле одлука за одобрување на спроведување на најавената интерна истрага во овие компании.

На состаноците, според соопштението од компаниите, е одобрено склучување анекс на Спогодбата за присоединување на Т-Мобиле Македонија АД Скопје кон Македонски Телеком, првично одобрена и склучена на 31 октомври 2013 година.

Согласно анексот, деловните активности на Т-Мобиле Македонија, како друштво коешто се присоединува, ќе престанат заклучно со 30 јуни годинава, соопштија денеска телекомуникациските компании.

Спогодбата за присоединување и нејзинот анекс ќе бидат предмет на конечна потврда од страна на собранијата на двете друштва, коишто треба да го одобрат присоединувањето на Т-Мобиле Македонија кон Македонски Телеком, со што ТММК ќе престане да постои.

Одборот на директори на Македонски Телеком на својот состанок го одобри и новиот предлог за усвојување нов статут на Друштвото, што ќе биде со примена од 1 јули годинава, по негово усвојување од Собранието на МКТ. Претходниот предлог за нов статут на Друштвото беше составен дел на првично склучената спогодба за присоединување на ТММК кон МКТ.

– Новиот Предлог за усвојување нов статут на Друштвото произлегува од одобрувањето склучување на анексот на Спогодбата за присоединување на Т-Мобиле Македонија кон Македонски Телеком, во кој се менува датумот на кој ќе престанат деловните активности на TMMK, како резултат на што се менува и датумот од кој ќе се применува новиот статут, се вели во соопштението од компанијата.

Би можело да ве интересира

Дојче Телеком ја зголемува вредноста на брендот и останува број еден глобален телекомуникациски бренд

Европската комисија ги поддржува иницијативите на Групацијата 4iG за дигитална инфраструктура и подморски кабли во Западен Балкан

Енергетска ефикасност во пракса – „Лазо Ангеловски“ е едно од првите училиште со систем за следење на потрошувачката на енергија

Македонски Телеком испраќа силна порака во новиот видео спот: Никој не се раѓа со предрасуди

ВМРО-ДПМНЕ: Сопругот извршен директор, сопругата менаџер, Ковачевски го претвора Телеком во фамилијарна фирма

А1он

Телеком ќе ги тужи фирмите што ги оштетиле каблите, корисниците добија гратис интернет

Катерина Ѓуровски