ВИДЕО: Со ѕвоната од кравите на Субрата Рој се будеше Зврлески

Од:

Со звук на ѕвона и со извици пред јавното обвинителство, се будеше совеста на јавниот обвинител Марко Зврлески. Граѓани организирани од Стојанче Ангелов бараа негова оставка и со звук на ѕвоната се обидува да ја разбудат неговата совест и да си замине од функцијата.

-Не знам што прави овој човек се уште во обвинителството. Нека ја напушти функцијата, има чесни обвинители кои можат да го заменат. Со ѕвона кои останаа од кравите на Субрата Рој ќе го будиме Зврлески, ги најдовме на едно место оставени од кравите на Субрата Рој. Со овие ѕвона ќе се обидеме да ја разбудиме совеста на Зврлески, бидејќи велат дека тој имал совест, ама му била заспана, рече Ангелов.

Протестите ќе продолжат секој ден на пладне, а ќе се зголемува времето на блокада на обвинителството, се додека Зврлески не поднесе оставка.

Би можело да ве интересира

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ

На Михаилова и беа одземени две патни исправи, а имаше и забрана за преминување на граница со лична карта, извести Обвинителството

Горан Наумовски

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Предраг Петровиќ

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали