Хрватскиот Сабор денеска за нов претседател, едногласно го избра Јосип Леко, кој за таа функција го предложи СДП.
Исто така едногласно за нов потпретседател беше избран пратеникот Драгица Згребец, пишува порталот 24sata.hr.
По гласањето Леко им се обрати на пратениците, истакнувајќи дека најважна должност му е да ја сочува декомратијата и демократските вредности.
„Релативно долго сум во Саборот и имам искуство, но со преземањето на должноста претседател навистина чувствувам одговорност пред вас пратениците, граѓаните на Хрватска и целокупната хрватска јавност. Најважна моја и ваша должност е зачувување на декомратијата“, изјави новиот претседател на хрватскиот Сабор.