Прво учество на политички дисиденти на локални избори во Куба

Од:

Двајца политички дисиденти и критичари на кубанската власт, учествуваат како кандидати на денешните локални избори во Куба.

Ова е првпат во полувековната власт на Комунистичката партија и на кубанскиот еднопартиски систем, како кандидати на едни избори да се појават и лица кои не се дел од власта, а при тоа не се попречени да учествуваат, ниту се отсранети од листата на кандидати за гласање.

Едниот е Илдебрандо Чавијано, независен новинар и правник по професија, додека другиот кандидат е Јуниел Лопез е член на нерегистрираната Независна и демократска партија на Куба.

Двајцата се на кандидатската листа за советници на Градскиот совет на Хавана.

Според кубанските закони, општинските совети немаат никаква улога во политичкиот живот на земјата, занимавајќи се исклучиво со работи поврзани со состојбите во општините, како снабдувањето со вода, хигиената, поправањеи и одржување на улиците или во борбата со инсектите.

Првото појавување на двајца отворени политички дисиденти како кандидати за општински советници сепак е случај без преседан во Куба.

– Наше мислење е дека властите останаа затечени и изненадени што некој не кандидирал нас двајцата. Изгледа дека никој не очекувал да бидеме кандидирани, а уште помалку да останеме и кандидати за да не гласаат„ изјавија Чавијано и Лопез пред странските новинари во Хавана, објаснувајќи дека нивниот случај покажува оти се губи досегашниот страв кај Кубанците.

Како кандидати за општинските совети се запишани 27 илјади лица, а половината од нив се селектирани со јавно гласање на состаноците на локалните месни заедници. Гласањето за советничките места е тајно, но во Куба нема предизборна кампања.

По 2010 година, актуелниот претседател Раул Кастро, брат на неколкудеценискиот неприкосновен лидер на Куба, Фидел Кастро, започна со бавни, мали и внимателни промени и реформи во домашната економија. Тој најави и промени во избрниот систем, но засега нема најави како ќе изгледаат тие промени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД