(ВИДЕО) Жерновски: Наместо јас, ти доби пет-шест шамари Никола

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски по објавениот разговор во кој се слуша како Груевски нарачува пет-шест шамари за него од таканаречените верници кои протестираа пред општината, рече дека на Никола Груевски од сега ќе му се обраќа на “ти“.

-Ти си политичар кој работи само за провизии, ти не работиш 24 часа, ти со во комбе и бараш погодни плацеви за тебе и фамилијата. Мене ми е чудно што не научи една работа-многу повеќе боли од еден шамар, шамарот што ќе го добиеш oд граѓаните на општина Центар и Република Македонија. Видовме дека ги злоупотреби твоите верници, за да ги спасиш твоите плацеви. Но наместо јас, ти доби пет шамари Никола-првиот, вториот и третиот во трите изборни круга во Центар, четвртиот на вонредните парламентарни, и петтиот на претседателските избори вториот круг-цело време губеше во Центар.

Ти градиш споменици, скулптури, ние градинки и школи, ти сечеш дрвја-ние садиме, ние даваме веќе родителите да не плаќаат за физичко и англиски на своите деца во училиштата, ние не сме како тебе.

Правиме референдум и уште еден шамар ќе добиеш НИкола. За крај Никола, твојот сон од она што го слушнавме е да се одвоиш од граѓаните преку 6- 7 метри ѕид на Водно, но ти ќе се одвоиш од граѓаните преку решетки, рече Жерновски.

20150419_142632

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски