Црвена Звезда поведе со 2:1 во полуфиналето со Партизан

Од:

Белград, 19 април 2015 (МИА) – Кошаркарите на Црвена Звезда ја забележаа втората победа против Партизан во полуфиналето на регионалната АБА лига.

На третиот меч од плејофот меѓу „лутите„ белградски ривали одигран синоќа во „Пионир’’ тимот на Црвена Звезда славеше триумф со 95-85 со што поведе со 2:1 во победи во серијата подобар до три.

Првата „меч топка„ за пласман во финалето црвено-белите ќе ја имаат вечерва од 21 часот, за кога е закажан почетокот на четвртиот натпревар.

Во иста ситуација е и црногорската екипа Будуќност, која по вчерашниот беше поразена од Цедевита со 85-57 , но тимот од Подгорица веќе попладнево ќе ја има втората шанса за победа и пласман во финалето.

Дуелот во Загреб ќе започне од 19 часот.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос