Путин: Русија подготвена да соработува со следниот претседател на САД

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија и САД споделуваат иста агенда во повеќе области и оти Москва е подготвена да соработува со следниот американски претседател, кој и да биде избран во ноември 2016 година, јавува Радио Слободна Европа.

Во интервју за руската државна телевизија, Путин рече дека Русија и САД треба да соработуваат во области како борбата против ширењето на оружјето за масовно уништување, тероризмот и организираниот криминал.

Тој додаде дека двете земји треба да направат повеќе за глобалната економија да биде повеќе демократска, стабилна и избалансирана. Путин нотираше дека двете земји имаат несогласувања во бројни области и го критикуваше САД за едностраното повлекување од договорот за анти-балистички проектили во 2002 година. САД и Западните земји воведоа санкции кон Русија за нејзините акции во Украина и за анексијата на Крим во 2014 година.

Во истото интервју Путин одби да коментира за тоа дали Москва ќе ги признае за независни регионите Доњецк и Луганск во источна Украина, каде во моментов украинските владини сили се борат против проруските сепаратисти.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски