Нигерија: Мистериозна болест убива за 24 часа

Од:

Најмалку 17 лица починаа од мистериозна болест која заболените ги убива во рок од 24 часа, соопшти денеска нигериската Влада, пренесува Фена.

Мистериозната болест изби кон почетокот на неделата во градот Оде Иреле, соопшти портпаролот на државата Ондо, Кајоде Акинмаде.

Болеста, чии симптоми вклучуваат главоболка, губење на телесната тежина, загален вид и губење на свеста ги убива своите жртви во рок од 24 часа од првите симптоми, прецизираше тој.

Акинмаде наведе дека лабраториските тестови исклучиле ебола или кој било друг вирус.

Тој соопшти дека во Оде Ореле стасале здравствени работници, експери од владините у хуманитарните агенции, како и епидемиолози од Светската здравствена организација.

СЗО соопшти дека има информација за 14 случаи на болеста, од кои 12 мртви.

Покрај 17 починати, во изминатите 72 часа не е забележан ниту еден нов случај на болеста и таа не се проширила надвор од градот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО Поплавите уништија нигериски град, на улиците „врие“ од крокодили и змии

Се урна училиште во Нигерија – загинаа 22 ученици, 150 се заглавени под урнатините

A1on

Најмалку 18 луѓе загинаа во бомбашки напад во Нигерија

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он