Католичката црква на Филипините најави своја кампања за претседателските избори

Од:

Влијателната Католичка црква на Филипините денеска со порака до верниците да започнат со молитви за правилно расудување при донесувањето на одлуката за кого ќе гласаат на изборите за претседател и потпретседател на државата, што ќе се оодржат во мај идната година, ја започна своевидната предизборна кампања.

Видео пораката на надбискупот Сократес Вилегас денеска беше емитувана на сите телевизиски канали во државата и се смета за официјален почеток на кампањата која за изборите за шеф на државата и сенатори традиционално и со многу влијание ја води Католичката црква.

Вилегас со пораката ги предупреди можните кандидати да не се потпираат на мислењето дека со нереални ветувања ќе ги освојат симпатиите на гласачите. Црквата, нагласи тој, ќе се бори против праксата за купување на гласови.

Од 100 милиони жители на Филипините, над 90 посто се верници на Римокатоличката црква. Иако Филипините се секуларно конституирана држава, клерот и свештенството на католичката црква имаат значајно влијание во политиката. Католичката црква, на пример, е посредник во мировните преговори меѓу левичарската бунтовничка Народна Армија и војската.

Изборите за претседател и потпретседател на Филипините од 1986 година се одржуваат на секои шест години. Се гласа посебно, така што двајцата највисоки политички функционери во државата не мора да се од иста партија.

Сегашниот претседател Бенињо Акино лани се обиде да издејствува уставни промени според кои може да добие можност за уште еден мандат, но таа идеја не му успеа. Креатор за забрана на повторен избор на иста личност за претседател е токму мајката на сегашниот претседател, Корасон Акино, првиот шеф на државата по соборувањето на диктаторот Фердинанд Маркос во 1986 година.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски