СДСМ објави разаговор за кој посочи дека е помеѓу Јанкулоска и Протуѓер во која погрдно се изразуваат за нивните коалициони партнери.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер
ГЈ: А преги бре оваа Лилја, таа жена,мислам е тотално одлепена
МП: Сега ја барав, исклучен и е телефонот
ГЈ: Епа она таа така праи, и пази, нели се договорија све, денес гледаме у дневник ќе извадила листи сите шест единици, и викам ај , ја побарав и не се јави , и и пуштам порака, викам: Лиле, ги финализираме работиве,ама колегиве у Дневник некоја изјава, што е работава, да не има промени? Леле коа ми се јави, 18 минути на телефон, абе такво дрвење, и едно време ми вика: А што мислите вие, да извадиме ние една независна листа во четворката, мислам, кога ми се дигна притисок, викам, вие сте или не сте у коалиција со нас? Абре будало жениште, еј
МП: Будала е
ГЈ: Абе ја да ти кажам вака коа ги гледам и неа и Силвана си викам,нема поважно у животот од нормален да останеш
МП: Хаха
ГЈ: Хахха, налет..
МП: Ми плачеше, ми плаче
ГЈ: Абе ќе се откачи така некоја жица, ни фамилија ќе те трпи ни никој жив.