Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип., на прес конференција објави разговори за кои рече дека се меѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески.
За нив, најголем проблем е министерот за здравство Никола Тодоров, кој направил најмногу стратешки грешки, и тоа не е само партиски туку и проблем на Владата. Милошев се извини за вулгарностите во разговорите.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески
ГЈ: Али интересно беше како прво сите беа.. или најголем дел од тие беа онака, поддржувачки настроени кон лиѓнава и после коа се отворија картите испадна дека он најмногу стратешки грешки напраил.
ЗС: Да, така е и што е факт, не е ништо ни злонамерно.
ГЈ: И што е факт што е точно, ја не зборам на памет. Значи јас коа реков, абе не можеш ти да држиш тема за реформи, а најголемиот проблем у државава е кај тебе и ти да го игнорираш. Еее ама не, присуството ова она, и на крај испадна дека и не е толку добро присуството. И не треба секогаш присуство.
ЗС: Да, да, тоа што го збориме ние е од пред шест месеци и повеќе, една година.
ГЈ: А ја и ти го збориме многу одамна тоа, и меѓу нас ама и пред нив, значи ние сме си конзистентни.
ЗС: Не ама не треба ни да си доктор по некои работи за да знаеш што е штетно што преминува во штетност.
ГЈ: Да де, да.
ЗС: Ти земи што сакаш, најдоброто прај го у некоја област, ако го претераш е штетно.
ГЈ: И ако го претераш, и ако го праиш у несоодветно време.
ЗС: Нејќев да ја ширам темата, да ја враќам назад, да кажам дека практично истиот стил беше и во претходното министерување.
ГЈ: И во образование беше исто.
ЗС: Исти резултат имаше само што тогаш не стигнаа да се анализираат до крај овие работи.
ГЈ: Немаше време толку да ескалира работава.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески
ГЈ: Еве ја денес мислам ми пукна филмот, прееска мајка ми ми кажуваше, од сабајле она била со Бети на лекар да не оди сама и не завршиле работа.
ЗС: Не, голем проблем е креиран, и не е само личен негов проблем туку и партиски е проблем. Одамна, шо исто не беше претходно прифатено дека и партијата трпи
ГЈ: Абе не е само партиски, на владава е проблем
ЗС: Знаеш како беше првата реакција на организаторот? Ме погледна ко не знам што да сум кажал, ако не си свесен дека е партиска штета, шо ќе праиме муабет.
ГЈ: Да да да.
ЗС: Глупости мислам ние за поситни работи луѓе шо праеле зашто направиле вака или така а не за вака.
ГЈ: Ти замисли мајка ми ми вика денес, преѓе нели беше кај мене, вика не е убаво ова, треба нешто да напраите, мака имаат луѓето.
ЗС: На крајот сите имаат проблем со ова.
ГЈ: Не се брани оваа позиција.
ЗС: Па не се брани, затоа што никој не ја гледа објективно, него тие што треба да ја решат ја гледаат у тесен круг и си викаат супер сме ние, не чини се друго.
ГЈ: И се тапшаат по рамо, да, не може бе сите да се против тебе и ти да мислиш дека ти си во право.
Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески
ГЈ:Мислам.
ЗС: Катастрофа е целава работа. Едвај чекам на пат да тргнам, више да им ебам матер на сите, нејќам да ги гледам.
ГЈ: Да ти кажам јас едвај чекам утре да одам на пат.
ЗС: Абе ајде, Нино отишол на пат, што, договарам у Хјустон, два доктори да дојдат следната година. Абе ајде, ја овдека ќе, Спире седи таму и Кире и само…
ГЈ: Командаат.
ЗС: Тој ваму да иде, тој таму да иде, тој онаму да иде. Ај еби си матер.
ГЈ: Шо убава слика си стаил на кавер.
ЗС: Кој води комисија, кој води влада, кој води ова, кој води тоа, кој се расправа со милион луѓе?