Свечената академија по повод 45-годишнината од формирањето на Македонската академија на науките и уметностите се одржува во среда, а на свеченоста свое обраќање ќе има македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
Во рамки на одбележувањето на 45-годишнината од основањето на Македонската академија на науките и уметностите ќе биде доделено и меѓународното признание „Блаже Конески”.