Владимир Милошев, претседател на ОО СДСМ Штип., на прес конференција објави разговори за кои рече дека се меѓу Силвана Бонева и поранешната пратеничка Танчева Тулиева.
За Танчева Тулиева, поранешниот градоначалник на Штип Зоранчо Алексов е чуден човек и е луд.
Вториот разговор, велат од СДСМ, е меѓу заменик министерот за земјоделство и Влатко Мијалков. И за нив Алексов со паметот не е малку во ред.
Разговор помеѓу Силвана Бонева и Надица Танчева Тулиева
НТТ: И шо ќе се пофалеш друго
СБ: Ништо Надо нема шо да ти се пофалам поминах еден пекол
НТТ: Пекол Пекол….
СБ: Фала му на бога…
НТТ: Шо сме живи
СБ: Шо сам цела е така …
НТТ: Аха…
СБ: Ногу беше мачно
НТТ: Ногу секаде изгледа настрадаме ние ногу ќе се видиме ние, ќе си праиме муабет
СБ: Многу многу многу страшно
НТТ: И ние војна водиме тука…
СБ: Охооо
НТТ: Најтрагично е со нашите оти војната беше.
СБ: Ева тава де подметнуване не кажувами агендата говоре ме оти дека ја бојкотирам демек Силвана се се се.
НТТ: Исто и лудаков градоначалников Алексов многу мака имаме со него
СБ: Имаате мака со него а?
СБ: Ја со мојов претседател на општинскиот комитет на Струмица тука, ем го турија за да не бојкотират и да не прават глупости тука и пак ја сам главниот непријател тука, не Заев.
Разговор помеѓу Ванчо Костадинов и Влатко Мијалков
ВМ: Шо праи бе тој Зоки Зоран Алексов у Штип бе, чуден човек бе…
ВК: Аха…. што да ти кажам што да ти кажам мислам мислам незнам човекот се смени
ВМ: Сите зборат дека нешто у последните две години се смени Дури и некои мислат да не е нешто со паметот да не е малку
ВК: Не знам што е и сопругата негова и жена му и тој дали приватни проблеми ама не е битно тоа, некако поинаку ја сватија моќта, како да ти кажам, значи сакаат се да стават под своја контрола, ме разбираш…