Револтиран сум од некои луѓе, ако можам да ги наречам луѓе. Гледам по многу коментари дека ме донеле од Кочани, ме искористиле. Сакам да појаснам дека не сум искористен од никого, по своја волја сум дојден овде и ако можам јас во инвалидска количка да дојдам, можат сите. Не може на сите да ни наштетат, не може сите да не избркаат од работа, рече Благојче Георгиев на протестот пред јавниот сервис ок кој се бара да почне да ги објавува бомбите и да отстапи простор за припадниците на опозицијата.