Јас сум еден од многуте кои ја напуштиле оваа држава. Секоја година се повеќе луѓе се иселуваат од Македонија. Зарем тоа е нешто што може да се нарекува успех на владата и да се фали дека е намалена невработеноста, рече Горан Дамчевски на протестот пред МРТ.
– Во Македонија не може човек критички да размислува, ако се спротивстави последиците се страшни, ако работи на државно ќе биде преместен и ќе му ја намалат платата, ако е приватник ќе плаќа глоби и казни, кои се на ниво на европски, а ние сме на македонски стандард.
Гледам меѓу нас има и студенти, знаете свесни сте дека ве влечат, моментот кога ќе можат ќе го повлечат дадениот збор. Да не беа бомбите и притисокот на народот, студентите ќе беа сега казнувани. Да се собереме сите заедно, и да го урнеме овој режим еднаш засекогаш. На врвот владее страв, не можат да се соочат со реалноста. Иако режимот е моќен и притисоците кои ги врши, и ние имаме моќ и можеме да им кажеме „не“ на режимот, „не“ на криминалите, „не“ на создавањето на вештачки тензии, и “не“ на владеењето на информацискиот брак и пропагандистичката машинерија, рече Дамчевски.