Собранието на Република Српска го оспори Дејтонскиот договор

Од:

Народното собрание на српскиот ентитет во Босна и Херцеговина усвои Декларација во која се истакнува дека нема да признае никаква одлука на Уставниот суд на БиХ, со која би бил укинат „Денот на Република Српска“ – 9 јануари.

Како што јави ХИНА, во Декларацијата се наведува дека секое можно оспорување на одредени одредби од Законот за празници во Република Српска пред Уставниот суд на БиХ, би претставувало „политички потег на негирање на Репоблика Српска и на дејтонскиот уставно-правен поредок на Босна и Херцеговина“.

Иницијативата за преиспитување на Законот за празниците во српскиот ентитет го покрена членот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, со образложение дека тој бил донесен само од страна на пратениците Срби, без поддршка од претставниците на Бошњаците и Хрватите.

На ваквата иницијатива на Изетбеговиќ се спротивставија сите партии на Србите во БиХ.

Собранието на Република Српска ја усвои ваквата Декларација и покрај предупредувањата на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко и на американската амбасадорка во Сараево, Морин Кормак, дека со нејзиниата содржина се оспоруваат Дејтонскиот мировен договор, со кој во 1995 година беше ставен крај на војната во земјата, како и принципите на правната држава.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Сараево, Џонатан Мур пак истакна дека сите нивоа на власта во БиХ мора да ги почитуваат одлуките на Уставниот суд, доколку сакаат земјата да се приклучи кон Европската унија.

– Одлуките на судовите на сите нивоа, на Уставниот суд, Судот на БиХ и на кантоналните и општинските судови, мора да се почитуваат. Голем проблем во БиХ е тоа што (судските) одллуки често не се почитуваат, оцени Мур.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Вучиќ од Република Српска ги повика босанските политичари: Додик и јас сме нивна тема, зошто не правите патишта и железници

Предраг Петровиќ

Се преврте чамец со мигранти на Дрина, пронајдени 10 тела, меѓу нив бебе и мајка

Додик му се закани на „американскиот функционер“ дека ќе го избрка од Бања Лука

Предраг Петровиќ

Полицијата на Србија и РС потпишаа меморандум за соработка, Дачиќ: Тоа е помош за „браќата“

Предраг Петровиќ