Гордана Јанкулоска слушнав дека се занимава со се, со суфицит и дефицит, но ние од независниот синдикат на полицијата врз основа на сите анализи донесовме заклучок дека има само еден суфицит во МВР, а тоа е Гордана Јанкулоска, рече Гоце Тодев Делчев од независниот полициски синдикат на протестот пред МРТ.
– Приказните кои Гордана Јанкулоска ни ги пласира се за мали деца, нека се качи на Попова Шапка нека види како припадниците на МВР по нивното работно време се симнуваат пешки до Тетово. А не Никола Груевски од Штип да кажува дека најмногу вложил во полицијата.
И СДСМ нека не помислува да преговара за амнестија. Амнестија нема да има, тоа да сте сигурни, криминалците кои земаа пари ќе завршат таму кај што им е местото.
Братот Љубе кој ова ќе го слушне нека сфати дека за брзо време ќе биде изваден од таму каде што е. Не може тие што краделе да се слобода, а братот Љубе и останатите да лежат невини во затворите низ Македонија.
Вработените во МВР, независните членови на синдикатот нема да дозволат немири ниту амнестија во оваа држава, рече Делчев.