Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло откако со 2:0 во сетови (6:0 и 6:3) го победи Марин Чилиќ.
Ова беше 12-та победа на Ѓоковиќ над Чилиќ во исто толку мечеви.
Ѓоковиќ во полуфиналето утре ќе игра со победникот од последното четвртфинале во кое ќе играат шпанските тенисери Рафаел Надал и Давид Ферер. Ѓоковиќ победи на Мастерсот во Монте Карло 2013 година кога го совлада Надал во финалето.
Првата полуфинална двојка ја комплетираа победниците од двата денешни први четвртфинални дуели. Гаел Монфис беше поуспешен од Григор Димитров со 2:0 во сетови (6:1 и 6:3), додека Томаш Бердих се пласира откако Милош Раониќ во првиот сет при 5:2 во гемови го предаде мечот поради повреда.