По одлуката на Управниот одбор на КК Куманово да даде зелено светло екипата да продолжи со настапот во Супер лигата во текот на викендот ќе продолжи натпреварувањето во најквалитетната кошаркарска лига. Претходно синоќа другите пет екипи од Супер лигата дадоа согласност викендов да се одиграат натпреварите од 3.коло.
Според тоа утре во Гевгелија ќе играат: Кожув – Работнички, додека за недела се закажани натпреварите: Куманово – МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи – Фени Индустри.
Неодиграните натпревари од првите две кола ќе се играат во слободните термини.