Триесет и шест лица се убиени на југот на Јемен во воздушните удари на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, како и во судирите меѓу приврзаниците и противниците на поранешниот шеф на државата, објави денеска Фена.
Коалициските борбените авиони во текот на ноќта извеле повеќе напади на конвојот шиитски бунтовници кои се движел во близина на стратешкиот премин БАБ ел – МАНДЕБ, соопшти локалниот функционер АБД Рабо ел – Михвали.
Шиитските бунтовници Хути, кои ги поддржуваат воените единици верни на поранешниот претседател Али Абдула Салек, ја продолжуваат офанзивата со цел да ја освојат целата јеменска територија и покрај воената операција која на 26 март ја покрена арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија.