Македонските Египќани: Непочитувањето на нашиот индентитет е грубо кршење на Уставот

Од:

Невладините организации кои се грижат за заштита на идентитетот, човечките и малцинските права на заедницата на Балканските Египќани во Македонија, не се изненадени но се згрозени од лицемерието и не-толеранцијата што се приметува кон припадниците на заедницата на Египќаните, од страна напоедини лица од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, кои воедно се и најблиски соработници во кабинетот на актуелниот премиер на Македонија, коишто можат да се слушнат и видат од содржината на наводните прислушкувани разговори и смс- пораки од т.н. 21-ва бомба за „Вистината за Македонија“, објавени од страна на СДСМ во Охрид на 16.04.2015 година.
Непочитување на етничкиот идентитет на припадниците за заедницата на Египќаните во Охрид и Македонија, претставува грубо кршење на Уставот на Република Македонија, како и на универзалните човекови права, и меѓународните стандради за заштита на националните малцинства. Со овие објавени материјали уште еднаш се потврдува политичката и општествената аномалија, предрасуда и стереотип во Македонија, дека припадниците на заедницата на Египќаните се граѓани од втор или трет ред, кои не треба да уживаат никакви граѓански права и треба да бидат само брутално инструментализирани на изборните денови.

Ги повикуваме Мартин Протуѓер, како и партијата ВМРО-ДПМНЕ, да јавно им се извини на сите припадници на заедницата на Египќаните во Македонија, за непочитување на етничката посебност и идентитет, како и за обидот за поттикнување на расна и етничка нетрперливост кон припадниците на заедницата на Египќаните.

Невладините организации кои се грижат за заштита на идентитетот, културата, човечките и малцинските права за заедницата на Балканските Египќани во Македонија, ќе ја разгедат и можноста за барање на кривична и граѓанска одговорност од лицето Мартин Протуѓер. Исто така, релевантините меѓународни институции и механизми за заштита на човековите и малциските права ќе бидат информирани за овој случај.

Здружение на Балканските Египќани во Македонија
Асоцијација за интеграција на Египќаните „Птах“
Здружение за заштита на кулутрниот идентитет на Египќанит „Изида 41/21“

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски