Завршна конференција на проектот „Развивање план за безбедна вода и санитација во руралните средини“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на НВО „Новинари за човекови права“, а во соработка со претставници од партнер организацијата „Жени од Европа за заедничка иднина“ од Германија.
Конференцијата е во рамки на истоимениот проект кој се имплементира во Македонија и Романија, од страна на „Новинари за човекови права„ и „Аквадемика“, под менторство на НВО „Жени од Европа за заедничка иднина“, а чие времетраење е 16 месеци.
Проектот финансиски е поддржан од Германската агенција за животна средина – ДБУ.