А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Општина Охрид: Се раководиме исклучиво според важечките законски прописи во носењето на урбанистички план

by А1он16/04/2015 - 17:36127
Share0

„Општина Охрид во реализација на било која Урбанистичко планска документација, вклучително и предметната локација која се спомнува во пресот  на СДСМ – Охрид, се раководи исклучиво според постоечките и важечки  законски прописи и регулативи  кои произлегуваат од законите за просторно и урбанистичко планирање и законот за градба а врз основа на согласностите и мислењата добиени од сите надлежни институции инволвирани во процесот на носење на еден урбанистички план.

Следете a1on на Instagram Instagram

При тоа Општината води сметка за  општите потреби на градот  и потребите на граѓаните кои живеат во рамки на Општината, начела врз основа на кои функционира секоја Локална самоуправа.

За сите активности кои се предвидуваат на таа локација  во еден подолг временски период  континуирано ја известуваме  јавноста, во постојаната комуникација со медиумите и во ниеден момент не сме отстапиле од искажаните или зацртаните определби и стратегии. Така и во овој момент.

Во интерес на  јавноста ве информираме дека конкретната локација од имотот на пошироката фамилија на господинот Протугер се наоѓа во зона каде и според се уште актуелниот ГУП и поранешната студија за заштита на Блатото донесена од минатото раководство е  на позиција која што  е надвор од зоната на строга заштита на блатото.

Следете a1on на Youtube YouTube

Како и за сите граѓани на Република Македонија така и во овој случај нема ништо спорно во намерите на секој граѓанин да си го оствари своето неприкосновено право на сопственост“, се вели во соопштението на Општина Охрид.

ohrid

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски24/07/2026 - 12:1224/07/2026 - 12:12

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Горан Наумовски24/07/2026 - 10:55

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Предраг Петровиќ20/07/2026 - 09:08

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Горан Наумовски19/07/2026 - 10:48

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски15/07/2026 - 20:3615/07/2026 - 20:59

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид

Катерина Ѓуровски29/06/2026 - 11:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео